April 16, 2024

Реакции на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и на секретарот на општината, Борче Димитровски за кривичната пријава од СДСМ

СДСМ СО НЕОСНОВАНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ

Битола заслужува велосипедски патеки. Тоа го ветувавме сите за време на политичките кампањи, а денес кога имаме можност да го реализираме овој значаен проект, не само што ја немаме поддршката од СДСМ, туку повторно ги имаме нивните лаги, кои граѓаните ги препознаа уште пред две години, поради што не им ја дадоа поддршката.

Поднесената кривична пријава за проектот за изградба на велосипедски патеки е само уште еден доказ за блокирачката политика која СДСМ ја води во континуитет во овој советнички состав, со поддршка токму од оние кои беа најгласни во заложбата за чиста животна средина и вело град.

Додека општината и општинските служби вложуваат максимални напори да реализираат активности со кои ќе се подобри животот на битолчани и тоа според европски стандарди, за што имаме голема поддршка и од ЕУ, СДСМ неуморно се обидува да ги закочи сите иницијативи дури и по цена на губење на европските пари.

Со целосна одговорност ја сметаме поднесената кривична пријава како деструктивен обид за собирање на евтини политички поени кои сите нас, а особено граѓаните на Битола ќе не чинат многу скапо.

Тони Коњановски, градоначалник

10 години битолчани бараат, протестираат, демонстрираат за велосипедски патеки!

Најдовме решение заедно со ЕУ истите да се изградат, ЕУ одобри средства, сè се направи , НО, ете СДСМ одлучи да рече дека не требало.

Како и зошто?!

Зад велосипедските патеки стојат ГРАЃАНИТЕ НА БИТОЛА пред сè, Општина Битола, стручната јавност и ЕУ, а СДСM не дозволува напредок и развој на градот и стои со крената рачна!

Немањето на аргументи, овојпат СДСМ, го заменува со лични навреди на стручните служби, секретарот и градоначалникот.

За жал или среќа, сè е веќе видено од ваквиот партиски концепт кој сакаат да го инфилтрираат и во институциите со кои не раководат, така што нивните лажни кривични пријави, веќе никого не го потресуваат, а најмалку мене.

Тоа што искрено ме потресува и мене, но и цела Битола, е прашањето: како е можно, нашите сограѓани од СДСМ да не сакаат да се изградат велосипедски патеки во градот?

Борче Димитровски, секретар


1206