Јордан Митев стана татко – се роди ќеркичката, додека е тој на австралиска турнеја

Радосна вест!

Македонскиот фолк пејач Јордна Митев далеку од родната Македонија, го слави животот го слави раѓањето на својата ќеркичка.Тој стана татко, а во овие за него и неговото семејство најрадосните денови, радоста ја делат преку социјалните мрежи, бидејќи Јордан е на турнејата по Австралија, каде постига големи успеси кај нашите иселеници.

Посл шест години брак со сопруга Славица се реализираа како родители, а на преубавата вест, новопечениот татко емотивно реагираше: — 20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети. Но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко!

Инаку, Јордан и Славица која е родена во Австралија се венчаа по врска која траеше нешто повеќе од една година, а големата македонска свадба се случи во Македонија со сите народни обичаи карактеристични за нашата традиција.

–

Штом пристигна убавата вест, честитките за ќеркичката се реда во недоглед…..“Со мајка и татко да расте…Нека Господ биде и понатаму милостив, дадичката наскоро да им биде дадичка на своите братчиња и сестричиња….Веруваме дека веќе имаш нова прекрасна песна за твојата радост за ќерката….“

Јордан не може да се совземе од големата среќа, што е и разбирливо, па сите негови следни настапи веруваме дека ќе ги започнува симболично со песната „Денес ми е добро на душичката“!!! И нека му е добро, најдобро за многу години.  Д.М.


1221

Задолжително

Verified by MonsterInsights