Реконструкција на кровот на тремот на црквата „Св.Димитрија“ во с.Локвица, Општина Македонски Брод
За секоја пофалба е акцијата на жителите на селото Локвица во Општина Македонски Брод да се направи реконструкција на кровот на тремот на црквата „Св.Димитрија“, со што се продолжи векот на објектот, а се зачува и за идните генерации да можат да се собираат и да ги одбележуваат црковните настани и празници.
Во целата активност, покрај другите учесници, голема заслуга има и градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, кој помогна и со личен пример со физички труд успешно да се заврши започнатата работа.
На Локвичани им посакуваме уште успешни акции во иднина.