December 6, 2023

ПЕТКОВСКИ: СДС, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА ПОВТОРНО ГЛАСААТ ПРОТИВ ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ

Прес на Зоран Петковски од ВМРО ДПМНЕ ОК БИТОЛА:

После вчерашната седница на советот на општина Битола уште еднаш советниците на СДС, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА јасно и гласно кажаа дека се против изградба на велосипедски патеки со средства на Европската унија.

Инаетот и суетите очигледно на советниците е поголем од тоа битолчани да добијат велосипедски патеки.

Исто така советниците од СДС и коалицијата на вчерашната седница во развојната програма предложија велосипедските патеки да се градат со средства од буџетот на општина Битола односно со тоа ја отфрлаат донацијата која Европската унија ја дава на општина Битола за изградба на велосипедски патеки . Ваквиот однос на советниците на СДС, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА е крајно неодговорен и со тоа го доведуваат во опасност целиот проект Smart4You2.

Можеби советниците од СДС не беа запознати од одговорот кој Делегацијата на ЕУ го испрати до претседателката на советот и советниците во советот на општина Битола бидејќи претседателката на советот го имаше скриено писмото кое евроамбасадорот го испратил до советниците, во кое јасно и гласно е наведено дека е склучен анекс на договор со кој се одобрени велосипедските патеки да се градат.

Се надеваме дека на некоја од наредните седници откако советниците ќе го прочитаат одговорот од Делегацијата на ЕУ ќе се вразумат и заеднички сите ќе донесеме одлука во интерес на Битолчани и со тоа конечно да се отпочне со реализицијата на проектот за изградба на велосипедски патеки и со тоа ќе се реализира ветувањето на сите политички партии дека Битола ќе биде велоград.


1132