Неверојатна клучка и надвозник: Доколку го погрешите излезот, можете да останете цел ден

Надвозникот Хуангјуеван во Чонгкинг, Кина, се смета за најкомплексниот надвозник во светот и е вистинско градежно и сообраќајно чудо.
Се смета за еден од најпредизвикувачките надвозници за навигација во светот. Кина може да се пофали со повеќе инфраструктурни од остатокот од светот на надреални автопатишта лоцирани „високо на небото“, а предводник е токму Хуангјуеван. Тој ги поврзува трите главни автопатишта во Чонгкинг преку комплексна клучка со 20 ленти на гореспоменатите пет нивоа.

Иако на прв поглед делува навистина заплеткано и помалку застрашувачки, џиновската клучка сепак изгледа покомплицирана отколку што всушност е. Таа е јасно обележана, а дизајнирана е, заедно со патиштата за исклучување, така што дури и да скршнете на погрешни излез, ќе можете да се вратите во саканата насока по не повеќе од десет минути.
Застрашувачкиот број на ленти е направен само како би ви го олесниле враќањето.
Надвозникот Хуангјуеван требало да го олесни сообраќајот меѓу аеродромот, градот со осум милиони жители и брзите патишта. Затоа од него може да се движите во осум правци, кон три брзи и други регионални патишта.
Изградбата на оваа клучка започнала о септември 2009 година, а Хуангјуеван е пуштен во сообраќај во 2017 година. Градењето траело околу седум години, а планирањето речиси исто толку време.

Највисокото ниво на патот е високо околу 12 ката, а вкупната должина на оваа раскрсница е повеќе од 16 и пол километри. Метежот, пак, веројатно руши многу рекорди.
