December 6, 2023

СЕ АСФАЛТИРА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА

Во тек се активностите за асфалтирање на новиот кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица).

Проектот кој го реализира општина Битола, вклучува канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување, со што просторот ќе биде комплетно уреден, а ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек.


1144