December 6, 2023

Расте бројот заболени од дијабет во Битола

Ноември е месец на борба против дијабет.
Центарот за јавно здравје во соработка со Црвен Крст Битола го одбележаа светскиот ден на борба против дијабетот во директна комуникација со битолчани. На Широк Сокак , на светскиот ден на борба против оваа болест 14 наоемви, поставија штанд за бесплатно мерење на шеќерот во крвта, па мерејќи го овој параметар ги информираа и едуцираа граѓаните за начинот како да го заштитат своето здравје. Податоците од градот укажуваат на пораст на болни од оваа болест.

Податоците кои се собираат и анализираат во Центарот за јавно здравје говорат дека расте бројот заболени од дијабет во Битола и , тоа е факт кој ги загрижува медицинските работници.
„Ова се обработени податоци кои пристигнуваат преку системот „Мој термин, од пријави кои стигнуваат во Центарот од матичните лекари и специјалистите “ – вели Д-Р Јован Тодоровски, специјалист по социјална медицина и јавно здравје од Центар за јавно здравје Битола информирајќи дека во рок од три години заболувањето има тренд на раст.
„Во 2020 година во Битола сме имале4,852 пациенти, во 2021 – 5,153пациенти , во 2022 година – 6.972 пациенти со дијабетес. Од нив со Тип 2 дијабет биле 6.550 пациенти, во 2021 биле 5050, а во 2020 година пак биле 4.797 пациенти. Во 2019 година сме имале 2.200 пациенти. Тип 2 – 4.153 пациенти. Во 2020 година 4.720 пациенти, во 2021 5.050 пациенти, во 2022 година 6. 550. Сите други се лица со дијабетес Тип 1, лица под 35 годишна воозраст , кај кои панкреасот не лачи доволно инслулин. Во 2019 годин имаме 57 такви пациенти, во 2020 година 54 пациенти, во 2021 година 99 пациенти, и во 2022 година 419 пациенти. “ Треба да се знае дека од 2021 година 247 инсулински пумпи се ставени кај лица во нашата држава. Тоа се сензор плус пумпа која инјектира инсулин во телото на болните од дијабет, со што се поедноставува начинот на живот на лицата со дијабет, да не се оптеретени со болеста. – вели д-р Тодоровски.


Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на гликоза ( шеќер ) во крвта. Вообичаено, нивото на шеќер во крвта е контролирано од инсулинот- хормон кој се создава во панкреасот, што го придвижува шеќерот од крвта во клетките кадешто се разложува и се добива енергија. Заради недоволно производство на инсулин од панкреасот или нарушена реакција на клетките кон инсулинот, организмот не може да ја искористи енергијата па се јавува болеста дијабетес мелитус. Постојат два типа дијабетес кои се следат од здравствените работници: Тип 1 – што најчесто е автоимуно заболување со можна генетска предизпозиција, кога панкреасот не создава инсулин или го создава во многу малку количини. Се јавува кај деца, тинејџери, млади луѓе. Уште се нарекува инсулинозависен –лекувањето мора да се одвива со внесување на инсулин. Тип 2 – панкреасот создава инсулин, но клетките станале резистентни на инсулинот или и во овој случај не се создава доволно. Се смета за најчеста форма на дијабет што се јавува претежо кај возрасните, но , податоците говорат дека се почесто се јавува и кај тинејџери и млади луѓе поради прекумерно зголемување на телесната тежина. Има уште еден тип – гестациски дијает, кој се крактеризира со високи нивоа на шеќер во крвта во бременост кај жени кои дотогаш и по пораѓањето немаат симптоми на заболувањето. И , дијабетот е подмолно заболување затоа што остава последици во сите системи во човечкиот организам. Во листата компликации се оштетувањето на видот, чести инфекции на кожата, нарушено движење на крвта низ организот, што води до серијата кардиоваскуларни болести, но и оштетување на нервите, бубрезите.
Кои се претпоставките на науката и медицината, на што се должи овој пораст или треба да го „обвиниме“ Ковид 19?


Спротивно од гласните говорења и дебати дека анти-ковид 19 вакцината придонесе за зголемуавање на бројот на многу други болести, Тодоровски вели „луѓето не ја разбраа смислата на вакцината“.
-„Што е природно заболување? Заразување, влегување на жив организам во нашето тело . Организамот почнува да се бори, самиот вирус или агенс кој навлегува во нашето тело почбува да се множи , прави проглем на нашиот организам и не знаеме како ќе протече таа зараза. Кај вакцината , внесуваме делови од тој антиген, тој микроорганизам – бактерија или вирус без разлика што е, но тогаш тој не се шири во нашиот организам и имаме контролирано „заразување„“ на луѓето што неможе да даде компликации. Тоа е смислата на вакцинирањето. Според досегашните познавања на медицината во светот вакцината против ковид 19 не влијаеше на зголемувањето на бројот заболени од дијабет.


„ И КОВИД-от има последици за ваква појава на дијабет “ – вели д-р Тодоровски од Центарот за јавно здравје. „За решавање на животозагрозувачки сосотјби се користени лекови кои за жал придонесуваат за покачување на гликемијата, но кога се работи за животозагрозувачки состојби мора да се дадат тие лекови, тоа е групата на кортикостероиди на кои тоа им е негативна, нус појава. Но тоа не значи дека пациетнтот сигурно ќе добие дијабет – тие само прават одреден стрес на организамот. На пример лекови кои се употребуваа за намалување на воспалителните процеси во организмот, а кога имаме на пример воспаление во белите дробови, тие лекови мора да се дадат.


Другата појава што е причина за овој пораст на појава на дијабет е седењето, не движењето, и, постојаното зголемување на телесната тежина, што е составен дел од современиот живот и кај нас и во светот.
Што треба да направиме за спречување на појавата на дијабетот?
„Движење, активност, намалување на стресот … Треба да се знае дека движењето има две позитивни придобивки , вели др- Тодоровски – го намалува стресот, а исто така јанамалува гликемијата и придонесува во намалување на телесната тежина. Колку повеќе луѓе со над нормена тежина ќе имаме за жал се повеќе и повеќе ќе се јавува дијабетес. – вели д-р Тодоровски.


1055