December 6, 2023

Во месецот на борба против болестите на дијабет, едукативна трибина одржа д-р Олга Лозановска, доктор по интерна медицина и М-р по ендокрилогија со години работа во Центарот за дијабет во Битола. Во продолжение помалку стручните делови од нејзиното излагање, во кое имаше и информации од неодамна направеното истражување за дијабетот и компликациите од оваа болест.

Дијабет, Шеќер или како што здравствените работници го нарекуваат Дијабетес Мелитус – Етимологијата на името укажува дека е изведено од грчкиот збор Diabetes што значи сифон – објект низ кој нешто поминува и латинскиот збор Melitus што значи мед или слатко. Тоа е затоа што кај дијабетот вишокот шеќер се наоѓа во крвта, како и во урината.
Дијабетес Мелитус е болест на современиот свет, со епидемиско ширење, главен здравствен проблем со предвидувања дека во 2025 година 380 илиони луѓе во светот ќе заболат од оваа болест. Претставува 4 или 5 причина за смрт, а ги зафаќа и развиените земји и земјите во развој – вели д-р Олга Лозановска , на едукативната трибина што се одржа во организација на Унија на жени од општинската ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: сопственост на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Битола


Експанзијата на глобално ниво на дијабетесот настанува како резултат на влијанието на генетските фактори, фактори на околината, вирусната егтиологија ( Во Словачка и Јаонија има податоци за сезонски варијации на дијавет Тип 1), местото и начино на живеење, професијта, изложеноста на акутни и хронични стресови.
Во Републка Македонија има 80.000 регистрирани случаи на заболени од Дијабет, а нивниот број се повеќе се зголемува. Според резултатите на националната студија за шеќерна болест направена од Институтот за јавно здравје, се смета дека околу 150.000 луѓе на возраст од 20 -74 години се под ризик да добијат дијабет. Од кои 20.000 веќе ја имаат, но за тоа ниту знаат, ниту земаат лекови. Дијабетесот и неговите компликации се социјално-економски проблем во целиот свет. Економијта се потенцира во однос на државниот буџет, а социјалните проблеи се врзани со личноста на болниот.
Постојат бројни студии к ои говорат за психички растројства кај дијабетичарите. Во Америка се нотира депресивниот индром кај 32,4% болни, а во Хрватска 60,5% од пациентиге имаа повеќе нивоа на депресивни симптоми.
Со цел да се превенира дијабетесот се препорачува државата преку своите институции интензивно да работи на менаџирање на болесто, пред се со правилно регистрирање на сите заболени, редовно пријавување, рано откривање, превенција како и рано и соодветно лекување.
Вештачкиот инсулин применет дури во 1922 година
Првите податоци за болеста датираат од настарите досега познати и пишани медицински документи создаде во 3.500 година п.н. ер во т.н Еберсов папирус, во кој се опишува болеста која се карактеризира со силна жет, пиење многу вода и често мокрење.
Оваа болест е опишана и од индискиот лекар Шушрута. Деметрија од Апонеја прв го употребил зборот дијабет кој значел поплава на моч.

Фото: сопственост на lekari.mk


Јапонските лекари во третиот век од нашата ера пишуваат дека кучињата ка пиеле мочкта на некоои болни ( заради слаткоста). Џон ролон и Јохан Петер Франк во 18 век утрвител декеа мочта на некои болни е слатка и таа болест ја нарекле мелитус.
Германскиот лекар Паул Лангерханс со своите истражувања дошоч до сознание дека панкреасот е причина за ова заболување , односно малите осгтровчиња кои подоцна го добиле името Лангерхансови острови (лат. инсула – остров). Канадскиот лекар Фредерик Бантинг од Торонто и неговиот асистен Чарлс бест одлучиле да докажат што настанува во организмот ако се отстрани панкеасот и ако на тие животни им се внесе супстанца добиена од истоимената жлезда која ја добилавле од животните од градската кланица. Хемичарот Колин добил инсулин кој може да се дава и на луѓе. Така во 1922 година за првпат е применет инсулинот кај едно тешко болно дете по име Леонард Томсон.

Зошто дијабетот е тешка болест
Во периодот до инсулинот 64% од сите дијабетичари умирале во дијабетична кома. Денес смртноста од акутните компликации се движе од 6-10%, а само во високоспецијализираните установи тој процент е 1% и пониско.
Кај болните доаѓа до развивање на акутни и хронични компликации .
Според светската Здравствена организација ( СЗО ) компликациите се Дијабетична кектоацидоза
Хиперосмоларна некетотична кома
Лактична ацидоза
Хипогликемија
Сите комплицирани заболувања кои придонесуваат кон брзо трошење на организмот и потенцијално до смртен исход.

Фото: слика од екран YouTube

Напредок
Денес се користат хумани инсулини, и, инсулини од групата аналози. Значајно е што Македонија го фати чекорот на современото лекување па пациентите беа префрлени од терапија со хумани инсулини на терапија со инсулински аналози. Кај нив за три месеци дојде до намалување на ХбА1Ц параметарот за 0,5%.
БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ И ЕДУЦИРАНА ИНДИВИДУА НЕМА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ КАКО И ДОБРА КОНТРОЛА НА ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ.
Во Египет, дијагнОзата на шеќерната болест се поставува во болница кога болните ќе паднат во тешка кетоацидоза. Во Америка во 1994 година направиле студија со цел да го проценат степенот на корисност на превентивна грижа и да се открие поврзаноста на ваквата грижа со заболените од дијабетес. Истражувањето се базирално на примеро ок 2.118 болни постари од 18 години во 22 држави. Резултатите покажале деа од вкупниот број на заболени, 78% самк го испитуваат шеќерот во крвта, а 25% занат за поимот гликолизиран хемоглобин. Од нив 72% еднаш во годината посетиле лекар и 61% еднаш во годината го испитуваат својот вид.
Кај нас сеуште голем број од болните се јавуваат на лекар кога ќе им се појави некоја од компликациите.

Фото: за време на трибината на присутните им беше направено мерење на шеќерот во крвта / сопственост на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Битола


Без образование и едуцирана индивидуа нема превенција и лекување како и добра контрола на шеќерната болест. Оттука, мора да се знае дека :
Дијабетот се јавува кај сите возрасни групи , сите социјални слоеви, а компликациите се присутни во сите периоду од животот. Работата на превенција и лекување на дијабет е дел од работата на целокупното спречување на хроничните заболувања и ,
Во лекувањето на хроничните зболувања, па и шеќерната болест нема спектакуларни резултати. Тоа не треба да разочара, бидејќи со упорна работа полна со знаење се отклонуваат хроничните компликации, се подобрува квалитетот на живеење и се продолжува животот на заболените со дијабет.

Автор: Д-р Олга Лозановска / уредил : Пеланет

фото насловна: сопственост на ayurveda.mk


1018