April 16, 2024

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ЛИДЕРОТ НА СДС ВО БИТОЛА, ДРАГАН КРАЈОВСКИ И НАТАМУ ОСТАНУВА БЕЗГЛАСНА БУКВА

Интегрален текст од прес конференцијата на Мартин Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ ОК БИТОЛА:

Лидерот на СДС во Битола, Драган Крајовски и натаму останува безгласна буква, човек без став и свое мислење, ама затоа пак, неговото директорување со Затворот, го тресат бројни афери за кои јавноста поставува гласни прашања.
Господине Крајовски, одговорете пред граѓаните дали по реновирањето објектот е ставен во функција без извршен технички прием?
Доколку пак, господине Крајовски, имате таков документ покажете го пред граѓаните.
Дали е точно дека Затворот треба да исплати околу 40000 евра за судски трошоци и не е ли тоа оштетување на буџетот и недомаќинско расфрлање на народните пари?
И последното прашање господине Крајовски, за кое што граѓаните се најмногу вознемирени е дали е точно дека затвореници од отвореното одделение доаѓаат во допир со дроги и психотропни супстанци?
Ова е страшно, господине Крајовски, еве сепак веруваме дека ќе излезете со одговори пред битолчани, а за последното прашање имаме дилема, дали треба да го консултирате и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ?


1229