March 2, 2024

Универзитетот го слави својот патрон Свети Клименти Охридски

Денес со свечена седница на Ректорската управа и Универзитетскиот сенат, Битолскиот универзитетот „ Св. Климент Охридски “ го прослави својот патрон .

Игор Неделковски, додели плакети за најдобар и најплоден научник за академската 2022/2023 година, како и награди за постигнат најдобар успех на дипломирани студенти за академската 2022/2023 година.

Одбележувањето на патронот започна од вчера со промоција на нови доктори на науки – на свеченоста ректорот, проф. д-р Игор Неделковски промовира 19 доктори на науки и тоа: 3 доктори на науки од областа на безбедноста, 7 доктори на науки од областа на туризмот, 2 доктори на организациони науки и управување-осигурување, 1 доктор на техничко- технолошки науки од областа на храна и иновативни технологии, 1 доктор на наставата по јазик, 1 доктор на науки од областа на надареност и талентираност, 2 доктори по образовни науки и 2 доктори на биотехнички науки.

„Овој традиционален настан со својата значајност и дава посебна свеченост на промоцијата во којашто се обединуваат науката и академските доблести, поткрепени со обврската на кандидатите да го почитуваат и да го чуваат достоинството на титулата доктор на науки како највисок достиг на научен индивидуален развој.“ – рече ректорот Неделковски.



1047