,,Секоја порака поубаво звучи на македонски”

Интересен и креативен настан традиционално организиран од учениците и наставниците од ООУ ,,Гоце Делчев” Могила во чест на Св. Климент Охридски под мотото ,,Секоја порака поубаво звучи на македонски”.

Преку литературен и ликовен конкурс, креативни квизови, драмски изведби и низа активности на тема Св. Климент, учениците ги покажаа своите креативни способности и почит кон ликот и делото на основоположникот на Охридската книжевна школа.

Исто така беше организиран продажен саем со прекрасни изработки од учениците и родителите.


1158