March 2, 2024

Ќе се реши ли проблемот со пасошите?

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду. Министерот го образложил проблемот со недостигот на обрасци за патни исправи за завршување на обврските за промена на пасошите до 12 февруари и предложил мерки за решавање на проблемот.

Но, според соопштението на МВР, не е јасно кои  мерки се предложени и што одговорила амбасадорката Филипиду. Проблемот со промената на пасошите со новото име што произлегува од Преспанскиот договор, стана еден од најголемите проблеми за македонските граѓани.

Во интервју за „360 степени“, министерот за внатрешни работи изјави дека ќе направи сè за да го релаксира процесот на поднесување барања за издавање, но и на процесот за подигнување на готовите патни исправи за, како што вели, граѓаните да се чувствуваат достоинствено во процесот, кој треба да биде најнормален.

– Ќе направиме сè за да го релаксираме процесот и ќе направиме сè за граѓаните на Република Македонија да не останат заробени по 12 февруари – изјави Тошковски за „360 степени“.


1027