April 17, 2024

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА

Започна асфалтирањето на улица Крушевска република во должина од 490 метри. Со завршувањето на овој дел од оваа важна сообраќајна артерија во градот, ќе се направи поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со улиците во АРМ, со што ќе се овозможи намалување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.
За финалната фаза од овој проект, општината инвестира 12.829.250 денари.


1057