Мавровски: Министерката од СДС остави 3000 вработени во културата без плата

Прес конференцијата ја пренесуваме интегрално:

Министерката и кандидатка за пратеничка од СДС, Бисера Костадиновска Стојчевска, залауфана во партиската агенда остави 3000 вработени во културата без плата.
Како што министеруваше до сега, така ги поминува и последните денови од својот министерски мандат, неодговорно, несериозно и кон македонската култура и кин вработените во културата.
Откако си обезбеди безбедна позиција на пратеничката листа, комплетно го заборави и остави министерството, кое уште кратко го раководи, па така сите вработени во културата овој месец до сега, останаа без својата плата.
Почитувани граѓани, навистина распадот на институциите доживува кулминација, навистина состојбата ваква каква што е, е неодржлива!
А, како им беше слоганот нешто со иднина и неоткажување?
Почитувани, промените ќе ги направиме заедно и тие се единствениот излез за да оживеат институциите, да си ја вратиме државата и Македонија да ја направиме повторна горда!


1318

Задолжително

Verified by MonsterInsights