Насушно потребната стабилна политичка клима!

На парламентарните избори 2020 се сеќаваме на изјавата на Заев дека и со 62 пратеника се формирала божем стабилна влада. Праксата покажа дека тоа и не е баш така. Во политичка смисла лоша е и апсолутната власт. Но дали апсолутната власт е во прилог на стабилната политичка клима? Кога ќе ја споредиме апсолутноста со лабилноста добиваме равенка која ги пресликува изминатите 14 години. И во таа равенка се’ е кристално јасно. На граѓаните и на државата и’ е потребна стабилна политичка клима. Особено важен момент е појавата на новата коалиција “ ВРЕДИ “. Промовирањето на граѓанскиот концепт без користењето на етничка реторика е нешто за поздравување. Доста важен момент е тоа дали ВМРО- ДПМНЕ планира да атакува на двотретинско мнозинство. Самото двотретинско мнозинство во рамките на парламентот значи и очајно поголема политичка одговорност. Не сум сигурен дека идниот премиер Мицкоски ќе може да калкулира со задачата за внес на Бугарите во уставот. Тоа е од проста причина што и опозицијата ќе гласа за тие уствни измени. Глвниот проблем кој ќе го има за решавање оваа влада е пристапот до ЕУ.

Многу важен дел од мандатот на оваа влада ќе биде и менџментот на најважните министерства за внатрешната политика. Затоа нагласокот го ставам врз политичката стабилност која е од суштинско значење за развојот на нацијата, економскиот раст и општественото единство. Доколку таа е функционална би овозможила долгорочно планирање, инвестиции и просперитет, бидејќи бизнисите и граѓаните можат да се потпрат на доследно владеење и принципиелни политики.

Новата политичка постава мора да балансира помеѓу своето членство ( мислам на радикалниот дел ) и граѓаните кои гласаа за наша потполна имплементација во евроатлантскиот свет. Дел од првоспоменатите треба да се помират со фактот дека ВМРО-ДПМНЕ јасно потенцира:

  • Дека ја поддржува Украина
  • САД како клучни стратешки партнери
  • НАТО и ЕУ како примарна цел уште од 1991

Дополнително претседателката Силјановска во своите први официјани средби беше во Ватикан во посета на поглаварот на Римокатоличката црква. Малку се исплашив за луѓето кои папата и Римокатоличката црква ја поистоветуваат со сатанизам односно еретизам. И тука немојте да мислите дека бегам од темата на оваа колумна. Овие се нешта кои навистина заплашуваат.

Би бил грубо-саркастичен ако кажам дека најголемата придобивка од овие избори пред самото формирање ма владата е што ДУИ оди во опозиција. Демократската Унија за Интеграции сега ќе биде интегрирана во опозиција. PSE JO!?

Пораз за левицата е тоа што you СДСМ падна под 200.000 гласови. Пораз е бидејќи моментално нема моќен политички субјект кој профилира лево. Тоа и не е баш од некоја голема корист за позицијата бидејќи со толку слаба политичка моќ на опозицијата целата одговорност е во рацете на позицијата.

Останува да видиме што ќе направат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН со полниот политички легитимитет со кој располагаат. А наше е како општествено и политички одговорни граѓани да учествуваме во сето тоа.

Пишува Леон Стефановски


1208

Задолжително