СПИРО МАВРОВСКИ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО БИТОЛА : ЗОШTО БИТОЛА СТАНА АУСАЈДЕР

ЗОШTО БИТОЛА СТАНА АУСАЈДЕР ВО КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,
ДАЛИ БИТОЛА Е НА НА СПОРЕДЕН КОЛОСЕК?
Кога човек ги прелистува старите книги се враќа во минатото и, често, посакува невозможни работи. Еве, на пример, посакувам да можам со воз од Битола да одам до Цариград. Знаете зошто? За да видам дали постои зградата на Османскиот парламент каде вдахновено настапувал адвокатот од Битола Панче Дорев… Веројатно малкумина знаат за овој адвокат, публицист, дипломат и историчар, роден во 1878 година во Пателе, Леринско, а потоа преселен во Битола.
Кој е Панче Дорев?
Панче Дорев во 1903 година завршил правни науки во Цариград, работи како адвокат и како учител во Битола. Во 1903 година година има виден ангажман во Главниот штаб на ВМОРО. Меѓу 1904-1907 година специјализира право на Виенскиот универзитет. За време на Илинденското востание ја водел разузнавачката служба на Главниот штаб на ВМОРО.
Панче Дорев до Балканската војна од 1912 година развил силна општествена дејност во Отоманската империја. Групата на пратеникот од Битола во Отоманскиот парламент во својата програма посебно ја истакнувала потребата од соработка и зближување на Македонците и Турците и, преку реформирање на Турција, да се обезбеди територијалниот интегритет на Македонија. Неговата група се декларира за создавање на турско-македонска изборна коалиција, како противтежа на веќе создадената бугарско-грчка коалиција која била експонент на бугарската и грчката влада и сакала поделба на Македонија. Тој уште тогаш ја согледал опасноста по територијалниот интегритет на Македонија од дејствијата на Бугарија и на Грција и од претседателот на Турскиот парламент во Цариград барал интервенција против нивното мешање во работите на Турција. Турција тоа не го сфатила или не сакала да го сфати.
По Балканските војни уследил пеколен период за Македонија и за Битола
Панче Дорев како и другите пратеници во Османскиот парламент, многу стравувале за судбината на Македонија. Наспроти големите желби за ослободување на Македонија од Османската империја со подигањето на Илинденското востание во 1903 година главните актери се соочиле со разочарувачки резултати. Востанието било крваво задушено од турскиот аскер, а Македонците морале да ги истрпат сите репресалии од турската војска.
По Балканските војни следува пеколен период за Македонија. Територијата на Македонија билеа поделена на три дела. Битола која во 1856 година имала 46.000 жители и била центар на Битолскиот вилает, важен конзулски град и, покрај Солун, била центар на Македонија и на македонските револуционерни активности, станала периферија. Бројот на населението забрзано почнал да се намалува, многу занаети да згаснуваат. Следело забрзано назадување.
По Втората светска војна се санираат негативните последици врз Битола
Периодот пред Втората светска војна бил многу неповолен за Битола и за цела Македонија. Во повоениот период, во рамките на СФРЈ Битола забележува виден напредок и резултати во сите области. За илустрација да споменеме дека во седумдесетите години од минатиот век во Битола имаше над 40.000 вработени и врвувлици народ по улиците. Но, наместо подинамичен развој, по осамостојувањето на Република Македонија, Битола почна да се соочува со низа роблеми во развојот. Вистинските проблеми започнаа да се појавуваат во преиодот на приватизацијата на општетвениот во приватен капитал кога многу фирми беа обезвреднети и, некои, пропаднаа. Периодот на жилавата борба за одржување на претходниот развоен тренд малаксуваше и полека, Битола, покрај економски, почна да назадува во сите сфери.
(2)
СПИРО МАВРОВСКИ, електроинж.
БИТОЛА ВО СЕДУМДЕСЕТИТЕ ГОДИНИНА МИНАТИОТ ВЕК
Битола е градот, Битола е најопеаниот град во Македонија но и пошироко на овие простори. Во својата историја имала големи подеми но за жал и падови. Ние како луѓе кои сме во поодминати години и паметиме многу случувања во градот, државата и пошироко, со многу возбуда се сеќаваме на нашето детство, на нашата младост, на убавините кои ги поминавме во нашиот град растејки заедно со него до денешни дни. Ова се едни сеќавања на нешта кои биле составен дел од нашето убаво минување во градот.
Седумдесеттите години од минатиот век беше време на процут на градот во многу аспекти, почнувајки од стопанството, културата, здравството и да не заборавиме, спортот за кого сум посебно врзан во мојот живот.
Да започнам со стопанството и големата експанзија што тогаш ја доживува Битола. Фабриката за фрижидери веќе етаблирана како една од најдобрите во тогашна Југославија со беспрекорно производство и многу понапред од некои идни гиганти како Горење, Ободин, Раде Кончар и некои кои се уште не постоеа на економската карта. Производството секоја година станува се поголемо, пласманот обезбеден отворени нови погони за ладилна техника, компресори кои се поставуваа во сите ладилници на тогашна Југославија. Голем и успешен комбинат. Би набројувал и други фирми кои тогаш работеа во Битола и беа успешни во Македонија но и Југославија и Европа. Во опкружувањето работеше еден „Металец„ за производство на шпорети, „Гоце Радосављевиќ„ исто фирма која се занимаше со машинско производство за подоцна да биде учесник во изградбата на РЕК „Битола„. Битолска пиварница која тогаш имаше пласман и во соседните држави а во Македонија најубавото пиво. Во овие години почнува со работа и „Битолатекс„ со едно модерно издание и успешност, свиларницата „Илинден„ квалитетни изработки и успешност. Да не го заборавиме она што тогаш даваше храна за цела Македонија а тоа беше ЗИК „Пелагонија„. Најуспешна земјоделска компанија во Македонија. Како посебен комбинат е и фабриката за добиточна храна „Радобор„ која беше главна во Македонија и имаше размена со цела Југославија. Во ова време во градот покрај многу прехрамбени фирми кои ги имаше Битола како „Прехрана„, „Жито Битола„, Квасара, се појавува една трговска фирма која се стекна со реноме во цела Југославија а тоа е „Јавор„. Самите почетоци и успешното работење е поврзано со почеток на работа со најголемиот гигант што било кога го имала Битола и Македонијаа тоа е РЕК „Битола„. Скоро сите матерјали кои доаѓаа во РЕК „Битола„ доаѓаа преку „Јавор„ кој од ден во ден заедно со РЕК „Битола„ растеше во една од најголемите фирми во Македонија. РЕК „Битола„ е посебна приказна. Во оваа прилика не би се задржувал повеќе, но треба да се знае дека поголемиот дел од вработените беа од нашите успешни битолски фирми кои започнаа со руските специјалисти и понатаму самостојно ја продолжија таа успешна приказна која трае до денес и ако бидеме како битолчани единствени и наредните 20 години најмалку. Во овој дел да не го заборавам „Авторемонт„ каде имаше доста добри мајстори, а едно време Битола беше бренд и препознатлива по „Транскоп„ транспортно претпријатие заедно со своите „Мерцедес„ автобуси на кои беа горди сите битолчани. За напредокот на „Транскоп„ имаше удел и почетокот на градба на РЕК „Битола„ кога се носеа и најголем дел од машинската и електро опрема токму со ова транспортно претпријатие. За ова треба да се пишува и да се присетуваме со денови и пак нешто ќе заборавиме, но да не останиме само на стопанството кое денеска е бледа сенка од она што беше многу од наброените фабрики ги нема за жал не постојат и гледаме само руини од нив и за нас кој некогаш знаевме како изгледаа и како работеа е уште поболно.
Но да се вратиме и на дел од другите сегменти кои беа радост за градот.
Ова е времето кога се градеше изгради и почна со работа новата болница „Др. Трифун Пановски: во тоа време една од најмодерните опремена и екипирана со стручен кадар и опрема и да не заборавиме беше рамо до рамо со државните клиники во Скопје.
Битолскиот народен театар ги доживува ѕвездените мигови од своето постоење, добитници на награди на Стериино позорје, многу други фестивали низ Југославија: Сараево, Титоград, Белград, Загреб, Марибор, а во Македонија редовен добитник на сите можни награди и тоа без поголема конкуренција. Репертоарот на театарот беше секојдневен, осен во понеделник, а често се случуваа и по две претстави денот една за деца и друга на редовен репертоар. Во сето ова подоцна се случува хаварија и тој театар со кого ние како деца растевме е разрушен преку ноќ, да не остане ништо од него, соцреализмот победи но за нас постарите едно убаво здание го оставија само во нашите спомени. Гледајки го и тогаш и денес градот се разбира постоеше решение и нов театар но и денеска да го имаме стариот, се разбира возобновен како што е секаде во светот и луѓето се гордеат со тоа што го имале и имаат но лично за мене остана една мачнина до крајот на животот кога имав можност да видам како на тоа реагираше доајенот на битолското глумиште прославениот Петар Стојковски Бабец со толку чемер и никогаш не ја заборави таа немила сцена.
Да не ги заборавам и четирите кина кои тогаш егзистираа во Битола со дневен и неделен репертоар за билети се одеше во понеделник негде на пладне, за да можете да ги гледате најновите филмови од светскиот репертоар. Кината за помладите беа: „Трудбеник„ каде што сега е Стопанска банка Скопје, кино „Партизан„ кај средното музичко (долната гимназија), кино Македонија кај преминот од Корзо кон поштата, киното во Офицерски дом ова што некој сега сака да ја возобнови растурената зграда.
На крајот на оваа кратка приказна да се осврнам и на спортот, но тој не е на крајот туку има некаде врвно место во живеењето на битолчани на сите оние радости и среќни моменти кои ги поминувавме покрај тогашните спортски борилишта. Огромниот број на клубови кој егзистираа во Битола масовниот спорт кој се развиваше во тоа време и работи за кои некој од младите можеби за прв пат ќе слушнат.
Фудбалот со „Пелистер„, „Пелагонија„, „Битола„, „Транскоп„ па и другите фабрички екипи како „Металец„, „Битолатекс„, постоењето на градска лига во фудбал кога на многу натпревари имаше повеќе публика отколку на денешните прволигашки или за жал второлигашки натпревари, од тие лиги и младинските лиги кои беа секогаш или први или во врвот на тие натпреварувања. Ракометниот спорт во голем подем со три прволигашки екипи во Македонија „Битола„, „Работник„ и „Пелагонија„ така да на ракометното отворено игралиште се играше нон стоп. Големиот успех дојде кога од трите екипи се направи „Пелистер„ и конечно по квалификациите во Битола со „Рудар„ од Плевље, „Партизан„ Белград и Ровињ конечно Битола доби прволигаш во најаката лига на светот. Незаборавни се натпреварите во Шеќерана затоа што немавме сала и тука гостуваа екипи од светско ниво како „Борац„ Бања Лука, Криваја Завидовиќи. Само гол ентузијазам и огромна љубов. Да не пропуштиме нешто, сигурно и тоа ќе биде во прашање се многу години и ќе има префрлања во периоди, но траен белег на битолскиот спорт дадоа боксерскиот клуб „Пелистер„, боречкиот клуб, пливачкиот клуб „Југ„ кој во тоа време има и ватерполо екипа која се натпреварува во првата македонска лига. Да не го заборавиме скијчкиот клуб „Пелистер„ со бројни шампиони нека не се лути никој што не спомнувам имиња ги има премногу и сите ќе бидат запишани во книгата за спортот во Битола која е во завршна фаза на повеќе од 300 страни.
Ова е она Битола длабока врежана во мојата свест и потсвест нешто неизбришливо и нешто што секогаш ќе го паметиме.
Еден обид помладите да слушнат за работи кои што се случувале и за жал долго време повеќе не се случуваат.
Да се вратиме во денешницата и да ја погледнеме сегашна Битола. Од ова што го кажувавме до сега гледаме нешто многу полошо од она што беше пред времиња. Во моментот во Битола функционира РЕК „Битола„ и тоа со катастрофални резултати во однос на минатото. По прв пат од постоењето се увезува јаглен, не сеслучило одамна трите блока да работаат истовремено, како што беше во минатото, што во основа значи и поскап производ и произведената струја со висока цена. Пропуштена е шансата за време на енергетската криза Македонија и РЕК „Битола„ да работат со голема добивка, а наместо тоа се случија хаварии кои придонесоа да имаме најскапа електрична енергија од постоењето на комбинатот. Се води битка дали РЕК „Битола„ ќе продолжи со работа или не, но знам само едно Битола без РЕК „Битола„ тоа е како Велес без Топилница, со очај кај вработените, градот во уште покатастрофична состојба и регрес на се што се градело и се изградило и работело. Во моментот една успешна приказна е само „Кромберт Шуберт„ во индустриската зона, донекаде она што е печатница „Киро Дандаро„, друго се некој погони кој работат во просторот на поранешната фабрика за фрижидери и работилници за услуги. Сето ова зборува за очајна состојба.Прашање дали по некое време нештата ќе се поправат или ќе продолжиме да тонеме како град.
Битолската болница една од најдобрите во републиката полека ги изгуби тие позиции и за жал останаа не многу познати доктори специјалисти кои ја чинат болницата а зградата можеби е најубава од постоењето.
Битолски театар веќе подолго време не е тоа што беше ги нема препознатливите успеси далеку од број на претстави и уште помалку број на гледачи. Денеска од кината нема ни траг ни помен, функционираа киното во Домот на културата (Манакиеви средби), и последно киното „Манаки„ кај кафе ресторан „Корзо„, која би требало да даде некоја светлина.
Битолскиот спорт треба да се гордее со новиот градски стадион, но кога гледаме дека гордоста на Битола, Пелистер веќе неколку години е во тињата на втората лига на Македонија, единствена светлост е влегувањето во Прва лига оваа година, но се надевам дека нема повторно да биде за кратко време. Ракометот спортот број еден по 18 години повторно шампион, се надевам оваа година и по втор пат и конечно да го освоиме купот и да се ослободам од една лична мора која траеше 18 а за купот веќе 19 години од последното освојување кога бев претседател на клубот. Оваа денешна екипа беше правена за Лига на шампиони и ред е да ги освои двете титули оваа година. Поединечните спортови веќе вегетираат, нешто се случува со одбојката, женскиот фудбал и се надевам дека новите боречки спортови ќе носат успеси во градот.
За жал ова е реалната слика на Битола деновиве, перспективно би сакал да грешам и да посакам повторна ренесанса на градот, да не се дава РЕК „Битола„ може да работи барем уште 20 години, да се градат нови фабрики, малото стопанство полека да ги добива вистинските вредности и за крај ќе кажам само едно БИТОЛА ВЕЧНА.


Кадровска политика или геополитика?
По осамостојувањето на Република Македонија и нејзиното конституирање во самостојна и суверена држава имаше еден период на поволен општествено-економски развој. Но, за жал, тој циклус беше насилно прекинат.
Битола, постапно започна уште повеќе да го губи своето значење во рамките на Република Македонија. Битола постапно се изместуваше од некогашната и посакуваната позиција. Полека, полека Битола се префли на спореден колосек, без да има влијание во креирањето на државната политика. Дали тоа се должеше на погрешната кадровска политика или и на геополитичките околности е прашање на проценка.
Во овој контекст, логично се поставуваат повеќе прашања. Зошто Битола токму во самостојна суверена Република Македонија назадува и го губи чекорот? Зошто младите и способните кадри ја напуштаат?
Можеби побитно е да го поставиме прашањето: Дали на Битола и се потребни личности од профилот на Панче Дорев, кои знаат политика и геополитика?


1189