ИНСИТУТОТ ”ДВОРСКИ ШУТ” Е МОШНЕ КОРИСНА РАБОТА

Последните избори во Македонија многу јасно го покажаа /не/расположението на граѓаните кон сега поранешниот претседател на државата, а особено кон коалицијата СДСМ-ДУИ која седум години ја тормозеше Македонија во која ја наметнаа корупцијата како стил на однесување на сите нивоа на општеството и која држава си ја третираa како лична сопственост за бездушно пљачкање и лично богатење по секој основ.

Сега, ситуацијата е кристално јасна: имаме легитимно избран претседател и тоа со двојно повеќе гласови од противкандидатот, а неделава Христијан Мицкоски ќе го добие мандатот за формирање нова влада со претставници од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата “ВРЕДИ” и движењето “ЗНАМ”. Со еден збор, сите надежи н нашите сограѓани, но и на многубројната дијаспора се дека двоецот Силјановска-Давкова и Мицкоски ќе го повратат достоинството на понижениот и осиромашен македонски народ од минатата злосторничка власт; дека ќе се стави крај на корупцијата и самоволието како до сега и дека Македонија ќе ја огрее “Новото сонце на слободата” и конечно ќе зачекориме кон толку посакуваното членство во Европската Унија.

Желбите се едно, но реалностите (особено оние п о л и т и ч к и т е – од соседите) се друго!!!

Мораме да бидеме свесни и постојано будни дека не секој е среќен со ваквиот исход на изборите во Македонија и со новонастаната ситуација!!! Не сум мрачњак и скептик но животното и работно искуство ме научиле секогаш потрезвено да ги гледам работите. За илустрација, зарем некој наивно мисли дека ДУИ, која наметна војна за теритотии во Македонија 2001 година, туку така – академски само ќе штанца декларации зошто не е поканета во новата влада, а тие си се сметаат за легитимни (!?) претставници на Албанците во Македонија? Или, дали некој смета дека Грција ќе седи мирна по изјавите на претседателката Силјановска-Давкова и Премиерот Мицкоски дека дома ќе си го користат вековното име на нашата земја – Македонија, без додавки и слични нешта. Или пак доколку некој смета дека една Бугарија туку така ќе се откаже од се што ни испокрадоа и присвоија низ вековите, а е материјално и духовно наследство на Македонците, ќе се откаже преку ноќ во наша полза? Тоа е просто невозможно!

А странскиот фактор? Слушам дека неодамна Македонија ја посетил Џес Бејли, поранешниот амбасадор на САД во нашата земја. Повод? Не знам, но не ќе да е за добро бидејки каде што оваа индивидуа стапнал, сегде пеплосал!!! Па тој беше заменик амбасадор на САД во Турција и главен организатор на немирите во Истанбул, на плоштадот Таксим, каде загинаа неколку стотици лица. Турција им се закани на САД дека ќе го протераат тој злосторник, па Вашингтон мораше да го повлече и ни го утрапија нам. Епилогот од неговото амбасадорување во Македонија скапо не чинеше!

А дали некој се праша што бараше лицето Зоран Заев (ЗЗ) во Вашингтон пред неколку недели? Па истиот тој ЗЗ откога доби инструктажа вп 2016г. (се прашувам од кого) кога 16 пати пешки го преминуваше преминот Дојран-Дојрани, а утредента го враќаа со ауто на преминот Богородица) е главен извршител на Длабоката држава за туркање на Владата на Никола Груевски по што следеше комплетно редефинирање (според сценариото на Длабоката држава) на Македонија.

Но да не заборавиме дека и странските служби не сакаат дестабилизација на јужното крило на НАТО, сега, кога е во тек геостратегиско прекројување не само во регионот, туку и глобално!? Такво нешто нема да дозволат!!!

Па тоа го видовме и доживеавме веќе со туркањето на летигимната влада на Никола Груевски која го разбуди патриотизмот кај македонскиот народ, што некому очигледно му пречеше и се подготвија сценатрија за нејзино туркање, за преименување на државата, за духовно и идентитетско редефинирање на народот, за економски пустош и приморување на младите да ја напуштат земјата. А земја без народ е лесен плен на соседите што не кријат апетити да приграбат она што ни остана од Македонија -Републиката!

Со право ќе запрашате каква врска има насловот на овој прилог со темава. Па да ви објаснам. Во секое здраво општество критичкото мислење кон власта е од круцијално(корисно) значење! Во периодот на феудализмот (еден од најмрачните видови на владеење) постоела институција “дворски шут” кој можел да му каже в’лице на феудалецот се што му лежи на срца – а да не му летне главата! Тој “шут” имал улога на критичко јавно мнение!!!

Токму тоа ми е пораката за новото државно раководство на Републиката! Да не наседнуваат на додворувања, ласкања и слични методи, туку да ангажираат во своите кабинети лојални луѓе, искусни во својата професија и особено луѓе со богато минато на меѓународен план бидејки оваа димензија ни е особено значајна и потребна сега, повеќе од било кога! Па нели во предизборието се застапувавме за меритократија, т.е. систем на вредности и да не се сведе работата како услов за нечие ангажирање да биде, дали кандидатот е жена, дали е Ром дали е Албанец…. Етничката и половата застапеност е битна работа во нашето општество, но никако не сме е да е главен критериум!!!

Живееме во турбулентно времиња, во немирен свет каде се во тек семожни геостратегиски сценарија и мораме да ги мобилизираме сите расположиви домашни (а зошто да не и странски добронамерни извори) за да си ја зачуваме државата, но и нацијата.

Сега сме буквално во ситуација на она Шекспировското: “Да се биде, или да не се биде”!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор


1080