Дали фирма кој не претставува договорен орган, а од страна на договорен орган му се доделени средства е должен да го применува Законот за јавните набавки при доделување на договори за јавни набавки?

Согласно со член 18 став 1 точка а) од Законот за јавните набавки, истиот се применува на постапки за јавни набавки на работи кои се субвенционираат или кофинансираат со повеќе од 50% од страна на договорните органи од членот 9 став (1) точки а), б) и в) од законот, и чија проценета вредност без вклучен ДДВ е еднаква или повисока од 1.000.000 евра во денарска противвредност, кога тие вклучуваат работи од ниска градба или работи за изградба на болници, објекти наменети за спорт, рекреација и разонода, училишта и универзитетски објекти, како и објекти што се користат за административни цели.

Исто така, согласно со член 18 став 1 точка б) од Законот за јавните набавки, истиот се применува и на постапките за јавни набавки на услуги кои се директно субвенционирани или кофинансирани со повеќе од 50% од страна на договорните органи од членот 9 став (1) точки а), б) и в) од законот, и чија проценета вредност без вклучен ДДВ е еднаква или повисока од 130.000 евра. Одредбите од Законот за јавните набавки се применуваат и на постапките за јавни набавки на стоки и услуги кои договорните органи од членот 9 став (1) точки а), б) и в) од законот, ги субвенционираат или кофинансираат со повеќе од 50% во соработка со здруженија, организации или институти, доколку проценетата вредност на стоките или услугите без вклучен ДДВ е еднаква или повисока од 40.000 евра во денарска противвредност.

Од наведенава одредба произлегува дека во случај на исполнетост на горенаведените услови субјектот кој не претставува договорен орган, има обврска да го примени Законот за јавните набавки.


1226

Задолжително

Verified by MonsterInsights