ПОЕЗИЈА: СОН И ЈАВЕ!
Помеѓу сонот и јавето, патувавме во бескрајот
а не знаевме каде не води.
Но јас те сакав, затоа што сонував дека вредиш.
И те следев, зашто ме следеше ти .
Заедно плутавме како збунети патници.
Кој ни ја даде картата, дал Бог
или непозната космичка сила?
Но не е и важно повеќе.
Би ти го дала целиот мој живот.
Дури и со брчки, а додека седеше..
Со твоите крилја и јас би паднала.
Но, никогаш падот тебе не би ти го дала!
И јас те дишев, затоа што мислев дека си здив.
И моите солзи би биле бисери.
Својата зора за твојата темнина…
Моите зори, темнината би ја испиле.
Но никогаш црнило во твјот ден!
И те сонував, затоа што мислев дека си мојот неостварен сон…
А твојата реалност беше моето сè.
Јаве беше, што ми го разубавуваше денот,,
иако дел од мене, живееше во збунетост и
се прашував дали се околу нас е магла и лага.
Но на крајот вистината го покажа своето грдо лице и
се што беше бело
црната магла го обви и..
се во неповрат се сруши.
Благица Гаврилоска Кичево