РК Алкалоид и официјално е првак во ЕХФ Европскиот Куп. Грчки АЕК загуби службено со 10:0, одлучи ЕХФ
Со оваа титула, РК Алкалоид станува првиот македонски клуб што го освоил ова натпреварување, втор што подигнал европски пехар во Скопје, и трет што стигнал до трофеј во европските купови под капата на ЕХФ – по Вардар и Металург. Ракометниот клуб Алкалоид официјално е новиот освојувач на ЕХФ Европскиот куп за мажи, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука по контроверзниот прекин на финалната серија со грчкиот АЕК. Гостинскиот тим од Атина одби да се појави на реваншот во Скопје, поради забрана за влез во земјата на дел од нивните навивачи.
И покрај тоа што ситуацијата беше јасна – натпреварот не се одигра поради одлука на грчкиот тим – ЕХФ бараше дополнителни изјави од двата клуба, пред конечно да го потврди исходот. Одлуката ја доби страната што не ја наруши спортската регуларност – пехарот оди кај Алкалоид.
Во првиот финален натпревар, Алкалоид предводен од Кире Лазаров славеше во Атина со 25:29, што само ја зацврсти правичноста на одлуката на ЕХФ.