Привремено затворање на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ поради CAR SHOW
Почнувајќи од петок, 20 јуни во 15:00 часот, па сè до недела, 22 јуни во попладневните часови, паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде затворен за користење. Причината за оваа привремена измена е одржувањето на меѓународната манифестација CAR SHOW, која ќе се случи на истата локација во сабота, 21 јуни.
Од ЈП Паркинзи информираат дека ова е прва манифестација од ваков тип во Битола, а барањето за организација било едногласно одобрено од Управниот одбор на претпријатието.
На организаторите им се посакува успешна реализација на овој „пионерски“ настан и се изразува надеж за уште многу вакви содржини во иднина. Од претпријатието упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и соработката.