Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола
„Најавено, а незапочнато – приказна стара колку ветувањата на СДС без покритие. Време е делата да зборуваат, не статусите.“
Распаднатата опозиција веројатно е во целосно бунило и затоа пишуваат реакции кои се целосно неадекватни и невистинити, но тоа не не изненадува бидејќи тие освен со лаги и манипулации поинаку не знаат да делуваат. Мултифункционалниот културен објект поранешно кино “Партизан” повеќе изборни циклуси беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ но СДС сите проекти од време на ВМРО-ДПМНЕ ги уништи и девастира, за разлика од нив ние сите нивни проекти ги продолживме, дури ги исправивме грешките и на тие малку започнати од нив, како кино Партизан.
Мултифункционалниот културен објект поранешно кино “Партизан” беше проект без целосна документација, проект кој не ги исполнуваше условите односно немаше одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски.
Сите капитални проекти од културата во време на СДС се работени надвор од закон и под сомнителни околности, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги исправи сите незаконски работења на СДС и продолжи да ги реализира проектите чесно и транспарентно.
Овој мултифункционален културен објект ќе ја оживее културната сцена во Битола и ќе отвори нови можности за креативност и слободен уметнички израз.
Битола се сака со дела!