Асфалтен пат до манастирот Свети Илија во Крклино

Селото Крклино конечно доби современа врска со манастирот Свети Илија, благодарение на реконструкцијата на главната сообраќајна артерија која води кон овој значаен духовен објект.

Со поставување нов асфалтен слој во должина од 480 метри и површина од 1.440 квадратни метри, жителите и посетителите сега имаат подобрен пристап до манастирот, што претставува значаен придонес за локалната инфраструктура и развојот на верскиот туризам.

На терен извршија увид заменик-градоначалникот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски.

Пред започнување на асфалтирањето, во селото беше реконструиран и дел од водоводната мрежа, со поставување нови приклучоци, со цел да се подобрат условите за живот на жителите.

За реализација на овој проект, од буџетот на Општина Битола беа издвоени 3.210.426 денари.


1112

Задолжително

Verified by MonsterInsights