Битола вечерва го отвора 17. „БИТ ФЕСТ“ со концерт на „Леб и сол“ во Хераклеја

Со голем концерт на легендарната македонска рок група „Леб и сол“, вечерва свечено започнува 17. издание на културната манифестација Битолско културно лето – БИТ ФЕСТ. Локацијата е симболична – античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, каде музиката ќе се спои со историјата.

Концертот означува и почеток на јубилејната турнеја со која „Леб и сол“ одбележува 50 години на сцената, а Битола има чест да биде првиот град домаќин на овој музички јубилеј.

Влезниците се во продажба по цена од 400 денари, достапни на билетарите во Офицерски дом и Хераклеја до почетокот на концертот, односно од 10:00 до 20:30 часот.

БИТ ФЕСТ 2025 ќе трае до 31 август, а неговата програма вклучува концерти, изложби, театарски претстави, поетски читања и фестивали. Манифестацијата е поддржана од Општина Битола и Министерството за култура и туризам.


1138

Задолжително

Verified by MonsterInsights