Стефанија мјузик ворлд со јубилеен концерт вечерва на „Бит Фест“
Вечерва, во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ 2025, на Нова сцена во Центарот за култура – Битола, со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи јубилеен концерт на проектот Стефанија мјузик ворлд, кој слави 10 години креативна музичка работа.
Зад проектот стои Стефанија Милевска Враниќ, дипломирана поп-џез пејачка и авторка со препознатлив стил. Заедно со тим од исклучителни музичари, таа ќе понуди уникатно музичко доживување кое спојува авторски композиции и џез стандарди во современи џез, џез-рок и босанова аранжмани.
На сцена ќе настапат:
- Стефанија Милевска Враниќ – вокал
- Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали
- Владимир Враниќ – гитара
- Владимир Николиќ / Dadoni – труба
- Ристо Крстевски – клавијатура
- Зоки Паркет – контрабас и бас
- Павел Талевски – тапани
Билетите за концертот се достапни по цена од 250 денари, на продажните места во Анастасија Центар и Порта Џез.
Концертот најавува музичко патување исполнето со емоции, слобода и искрен звук – вистинско задоволство за љубителите на жанровски богата и артистички посветена музика.