Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата за 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот
Општина Битола објави јавен повик за кофинансирање манифестации и проекти со кои ќе се збогати програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември.
Повикот опфаќа поддршка на активности од областа на музичко-сценската уметност, театар, ликовна и визуелна уметност, литература, фолклор, традиционални и спортски настани.
За реализација на проектите е предвиден вкупен буџет од 900.000 денари. Настаните треба да се одржат во периодот од 28 октомври до 10 ноември 2025 година.
Деталните информации за условите и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола: https://www.bitola.gov.mk/4-noemvri/.