МИЦКОСКИ ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО ПУСТЕЦ

Преспа повторно ќе запее и заигра во боите на традицијата – по неколкугодишна пауза, денес во Општина Пустец, Република Албанија, повторно ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, свеченост која е симбол на македонското културно и духовно единство преку генерации.

На настанот ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, како потврда за важноста на овој настан за македонскиот народ – не само во Македонија, туку и низ целиот Балкан.

Фестивалот, кој се одржува во организација на македонското здружение „Преспа“ со поддршка од Општина Пустец, ќе започне во 18 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ – симболично лоциран во срцето на градот.

“Ова не е само фестивал, туку обнова на врските помеѓу Македонците од двете страни на границата – враќање на духот, традицијата и заедништвото”, изјави неодамна за МИА Едмонд Темелко, претседател на здружението „Преспа“ и поранешен градоначалник на општината.

На фестивалот ќе настапат бројни културно-уметнички друштва и фолклорни групи од Македонија и дијаспората, кои ќе ги изведат најубавите македонски ора, песни и обичаи – со што ќе се испрати силна порака за зачувување и афирмација на македонскиот идентитет во Албанија и пошироко.


1295

Задолжително

Verified by MonsterInsights