Првата самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак

Вечерва, во 20:30 часот, во Културниот центар „Магаза“, ќе се отвори првата самостојна изложба на 19-годишниот битолски уметник Константин Солак. Настанот се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.

Изложбата, насловена „Декларација на вредност“, ќе ги претстави делата на Солак — слики, цртежи и фотографии — кои го искажуваат неговиот автентичен уметнички израз.

Солак, првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје, веќе има освоено награди на конкурси за фотографија, сликарство и кратки филмови. Соработувал на проекти со различни здруженија и амбасади, вклучувајќи ги и оние на Италија и Холандија.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста секој ден од 18:00 до 21:00 часот во периодот од 5 до 15 август.

Влезот е слободен.


1281

Задолжително

Verified by MonsterInsights