Вечерва Битола домаќин на најголемиот детски музички спектакл „5+ Бенд“
Битола вечерва ќе биде центар на детската радост – во големата сала на Центарот за култура, со почеток во 20:00 часот, ќе настапи легендарниот „5+ Бенд“, дел од официјалната програма на БИТФЕСТ 2025.
Организатор е ОХО продукција, компанија која повеќе од 20 години создава квалитетни содржини за најмладите. Со стотици епизоди, концерти и претстави, „5+ фамилија“ е препознатлив бренд кој преку музика и игра испраќа пораки за љубов, пријателство и почитување на различностите.
На сцената ќе оживеат омилените јунаци Лина, Петко, Лиз, Детективот Цветко, Тетка Душке, Комшито и Алек, а публиката ќе ужива во изведбите на најпознатите хитови: „Маскенбал“, „Чудна шума“, „Тераса“, „Сите сме еднакви“ и многу други.
🎟 Билети по цена од 150 денари се достапни:
- на билетарата на Офицерски дом – КИЦ Битола (до 16:00 ч.)
- на билетарата на НУ Центар за култура Битола (по 16:00 ч.)
- онлајн преку 3D Кино Битола
📍 Центар за култура – Битола
🗓 29 август, 20:00 часот
Со овој концерт, БИТФЕСТ уште еднаш покажува дека носи врвни културни содржини и за најмладите, отворајќи простор децата да растат со уметност и музика од највисок квалитет.