Првите денови на септември: стабилно, сончево и потопло време во Пелагонија и Преспа

Со почетокот на климатолошката есен, која официјално започнува од 1 септември, времето во Македонија постепено се стабилизира. Во текот на следната недела регионот на Пелагонија и Преспа ќе биде под влијание на стабилна воздушна маса, што ќе донесе претежно сончево и топло време.

Во Пелагонија, температурите ќе се движат во интервал од 28 до 34 степени, со најтопли денови во вторник и сабота, кога се очекува живата во термометрите да достигне и до 34 степени. Утрото ќе биде посвежо, со минимални температури околу 13 до 15 степени, а во повисоките делови и пониски.

Во Преспа и поширокиот охридско-преспански регион времето ќе биде значително поблаго. Дневните температури ќе се искачуваат меѓу 23 и 27 степени, додека утринските ќе се спуштаат и до 8 степени, особено кон крајот на неделата. Времето ќе биде сончево и пријатно, со повремена висока облачност.

Метеоролозите најавуваат дека во текот на целата недела нема да има значајни врнежи, а ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од северозападен правец.

Со оваа временска стабилизација, месец септември ќе започне во знакот на сонцето и високите температури, особено во Пелагонија, додека Преспа ќе остане пријатно свежа и идеална за престој на отворено.


1380

Задолжително

Verified by MonsterInsights