Секој ученик добива учебници на почетокот на учебната година

По седум години власт предводена од СДС, на стартот на новата учебна година секој ученик ќе добие учебници, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека во претходниот период тоа било само „мисловна именка“.

Најголем дел од учебниците веќе се доставени во училиштата – 90 отсто од нив се на располагање, а останатите 10 отсто ќе бидат распределени во наредните денови.

„Прашањето дали има или нема учебници за учениците оваа година се затвора. Веќе нема проблем со набавка и достава на учебници до учениците“, велат од Министерството за образование.

Учебници има за сите ученици во основното и средното образование. За средното стручно образование, минатата година биле печатени стотина наслови, а оваа година се печатени педесетина нови, додека останатите педесетина се достапни на веб-страниците.

Исто така, е решен и проблемот со учебниците по странските јазици кои се учат.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека со волја и макотрпна работа се постигнуваат резултати, а реалноста е видлива – Македонија се трансформира.


1323

Задолжително

Verified by MonsterInsights