Фудбалски спектакл во Битола – Македонија U21 ја пречекува моќната Италија!
По цели 31 година чекање, Битола конечно повторно ќе дише репрезентативен фудбал! Утре, на 9 септември, стадионот „Петар Милошевски“ ќе биде арената каде младата репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра еден од најпрестижните натпревари – квалификацискиот дуел против моќната Италија!
Ова не е само уште еден меч. Ова е враќање на емоцијата, на гордоста и на спортската треска во градот што живее за фудбал. Последен пат, во далечната 1994 година, Битола беше домаќин на голема репрезентација – тогаш нашата млада селекција се соочи со Шпанија. Денес, новата генерација македонски таленти ја има шансата пред своја публика да им покаже на Италијанците дека на оваа земја не и недостасуваат храброст и квалитет.
Очекувајте полни трибини, црвено-жолта атмосфера и навивачка еуфорија што ќе ја потсети Италија каде играат.
Фудбалската федерација на Македонија апелира: дојдете во голем број, бидете дел од историјата и испратете силна порака – Битола е повторно дом на македонскиот фудбал!