Битола ќе биде домаќин на Петтиот фестивал на византиско црковно пеење

Во организација на Преспанско-пелагониската епархија, на 13 септември (сабота) со почеток во 19 часот, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола ќе се одржи Петтиот фестивал на византиско црковно пеење „Рождество на Пресвета Богородица“.

На концертната вечер ќе настапат:

Детскиот црковен хор „Св. Стилијан“ од Битола,

Машкиот византиски хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола,

Женскиот црковен хор „Св. Теофил Струмички“ од Струмица и

Српскиот византиски хор „Мојсије Петровиќ“ од Белград, Србија.

Фестивалот продолжува и следниот ден, 14 септември (недела), кога од 8 часот наутро ќе се одржи Архиерејска Литургија во истиот храм. На литургијата ќе пеат машкиот византиски хор „Св. Нектариј Битолски“ и српскиот византиски хор „Мојсије Петровиќ“.

Настанот се реализира со благослов на неговото високопреосвештенство Митрополит г. Петар.


1332

Задолжително

Verified by MonsterInsights