Аудиција за млади и возрасни таленти во организација на Korunovska
Во Битола на 11 септември ќе се одржи аудиција за нови членови на детскиот, тинејџерскиот и поп-рок хор во организација на „Korunovska Music & Singing“. Настанот е закажан во терминот од 18 до 21 часот и е наменет за сите љубители на музиката кои сакаат да се изразат преку хорско пеење.
Аудицијата е поделена во три категории: „Ѕвончиња“, детски хор за најмладите од 4 до 10 години; „Попрокет“, тинејџерски хор за ученици од 10 до 16 години; и „Битвокс“, поп-рок хор за кандидати над 16 години.
Организаторите порачаа дека не е потребно претходно искуство за учество, туку пред сè желба за пеење и сценска енергија. „Без разлика дали имате пет или педесет и пет години, секој што сака да пее може да најде свое место во еден од хоровите,“ велат од „Korunovska Music & Singing“.
Заинтересираните можат да добијат повеќе информации на телефонскиот број 075 573 335 или преку социјалните мрежи на @korunovskamusic.