Илче Трајковски нов носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци
Од вечерва, нов носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Новаци е Илче Трајковски. Тој истакна дека со голема чест и одговорност ја прифаќа оваа улога и најави чесно и достоинствено застапување на интересите на сите жители на општината.
„Ветувам многу работа заедно со тимот, искрен и чесен пристап, директна комуникација со граѓаните и конкретни решенија за нивните проблеми. Заедно ќе ги решаваме предизвиците и ќе постигнеме многу,“ изјави Трајковски.
Тој се заблагодари за поддршката и довербата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и на Извршниот и Централниот комитет на партијата.