Вториот уписен рок на УКЛО за академската 2025/2026 година
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го продолжува уписниот процес за новата академска година. Вториот рок за запишување е закажан за 15 и 16 септември, а кандидатите ќе можат да избираат меѓу повеќе современи студиски програми.
Дополнителниот конкурс е веќе објавен на официјалната веб-страница на Универзитетот, на страниците на неговите единици, како и на Фејсбук профилот на УКЛО.
Во првиот уписен рок своето место го обезбедија 838 нови студенти, а остануваат слободни места и во државната квота. Следната можност за упис е на 24 септември, во рамки на третиот уписен рок.
Од УКЛО истакнуваат дека студентите ќе добијат поддршка за учење и професионален развој, а универзитетот им нуди и меѓународни можности преку членството во Алијансата КОЛОРС, со што се потврдува високото ниво на наставата и квалитетот на образованието.