„Зимска приказна – Вкусовите на Пелистер“: Автентична зимска магија во срцето на Пелистер
Со задоволство ве известуваме дека на 21 декември (недела) во Инфо центарот на Пелистер ќе се одржи настанот „Зимска приказна – Вкусовите на Пелистер“, со почеток од 11:00 часот. Посетителите ќе можат да уживаат во спојот на планината, традицијата и добрата храна, создавајќи незаборавно зимско искуство.
Настанот ќе ги обедини учесниците од угостителството, туризмот, хотелиерството, планинарските спортови, производството на домашни производи и други сродни дејности, претставувајќи го автентичниот зимски дух и вкусовите на Пелистер. Посетителите можат да очекуваат топла атмосфера, домашни специјалитети, дружење и празнична енергија во природна зимска идила.
За организиран бесплатен превоз, резервации се можни во туристичка агенција Хера Турс на 047 233 603 од 10 до 15 часот.
Како дел од настанот, сите присутни ќе имаат можност да учествуваат во голема наградна игра со вредни подароци, меѓу кои: шишиња пијалоци, ваучери за патувања и фотосесии, производи од локални фарми, книги, домашна тестенина, пакети млечни производи, ски и сноуборд услуги и многу други.
Настанот е идеална прилика да се почувствува зимската магија на Пелистер, да се вкусат локалните традиции, да се дружат и можеби да се замине со некоја од вредните награди.