Предновогодишен концерт со Павле Камилоски во Битола
Во пресрет на празничната сезона, Центарот за култура во Битола на 26 декември ќе биде домаќин на спектакуларниот Предновогодишен концерт со Павле Камилоски. Настанот ќе има премиерно издание во Битола, а организаторите најавуваат дека ќе донесе незаборавно музичко искуство за сите посетители.
Овој концерт досега традиционално се одржува со голем успех во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што предизвика огромно внимание, целосна посетеност и стана препознатлив по својата културна вредност и атрактивност.
Целта на проектот е да воведе нови културни содржини во Битола, да ја разбуди предновогодишната магија и да потсети на убавината на заедништвото, љубовта и радоста што овој период од годината го носи.
Билетите за концертот се веќе во продажба и може да се купат на следниот линк: 3D Kino Bitola.