Втора седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион одржана во Општина Новаци
Во просториите на Општина Новаци се одржа втората седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион, во организација на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. На седницата учествуваа градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион, кои активно се вклучија во дискусиите и креирањето на идните развојни насоки.
На состанокот беа разгледани актуелните прашања поврзани со регионалниот развој, тековните проекти што се реализираат во општините, како и предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи при нивната имплементација. Градоначалниците разменаа искуства и мислења за можностите за поефикасна меѓуопштинска соработка, со цел подобра искористеност на ресурсите и побрза реализација на заедничките иницијативи.
Посебен акцент беше ставен на можностите за аплицирање со нови проекти во рамки на актуелниот повик на Биро за регионален развој. Притоа беше истакната потребата од навремена и квалитетна подготовка на проектна документација, со јасно дефинирани приоритети кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните.
Во дискусијата беа отворени и прашања поврзани со унапредување на патната и комуналната инфраструктура, поддршка на локалниот економски развој, привлекување инвестиции и создавање нови работни места. Присутните се согласија дека клучот за одржлив развој на регионот лежи во координиран и стратешки пристап, заснован на партнерство меѓу општините и надлежните институции.
Со одржувањето на втората седница, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион ја потврди својата улога како значаен форум за заедничко планирање и донесување одлуки во интерес на граѓаните и долгорочниот развој на Пелагонија.