Општина Битола објави јавен повик за ангажирање на 18 лица за јавни работи

Општина Битола објави јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 невработени лица со пониско ниво на квалификации или со завршено средно образование.

Ангажираните лица ќе бидат вклучени во активности за уредување на зелените и јавните површини во градот и руралните населби, чистење и средување на речното корито на река Драгор, уредување на Зоолошката градина Битола, како и помош при одредени градежни зафати во делот на локалната инфраструктура.

Работното ангажирање е предвидено да трае шест месеци, во периодот од април до септември. Работните обврски ќе се извршуваат во работни денови, од понеделник до петок, со ангажман од седум работни часа дневно.

За извршената работа, ангажираните лица ќе добиваат месечен надоместок во износ од 20.000 денари нето. Во овој износ се вклучени и трошоците за превоз до местото на работа, како и надоместок за исхрана.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната интернет страница на Општина Битола:
https://www.bitola.gov.mk/rabotno-angaziranje/


1201

Задолжително

Verified by MonsterInsights