Започна изградбата на патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани

Општина Битола започна со реализација на уште еден инфраструктурен проект од вториот владин повик, во рамки на кој оваа општина имаше најголем број одобрени проекти.

Градежната механизација веќе работи на изградбата на пристапен пат до манастирот Манастир Св. Меркуриј во село Барешани. Увид во текот на работите изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со одговорните лица задолжени за реализација на проектот.

Според проектната документација, патот ќе биде со должина од 580 метри и ширина од 3 метри, со дополнителни банкини од двете страни. Во првата фаза е предвидено поставување на тампон слој со дебелина од 25 сантиметри, по што ќе следи асфалтирање.

Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 сантиметри, при што вкупната асфалтна површина ќе изнесува 2.029 квадратни метри.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.421.038 денари, а средствата се обезбедени преку Министерство за транспорт. Од општината посочуваат дека реализацијата на овој проект е дел од напорите на локалната самоуправа за подобрување на инфраструктурата и условите за живот во руралните средини.


1206

Задолжително

Verified by MonsterInsights