Едукативна работилница за значењето на водата одржана во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола

На 2 април 2026 година, во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола се одржа едукативна работилница посветена на значењето и заштитата на водата, во организација на Инервил клуб Битола, со поддршка на ЈКП Водовод Битола.

Настанот беше реализиран во рамки на интернационалниот проект „Водата е живот – чувај ја водата, чувај ја иднината“, во кој учествуваат клубови од Турција, Северен Кипар и Бугарија.

Учениците активно се вклучија во програмата, презентирајќи рецитали, драматизации и едукативни содржини, со што испратија пораки за подигнување на свеста за зачувување на водните ресурси.

Во рамки на работилницата, стручни презентации одржаа претставници од ЈКП Водовод Битола – технологот Лела Ацевска и инженерот Александар Велјановски, кои ги презентираа процесите на преработка и контрола на водата за пиење, како и тековните инвестициски активности на претпријатието.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници за успешната реализација и придонесот кон подигнување на јавната свест за значењето на водата како ресурс од витално значење.


1215

Задолжително

Verified by MonsterInsights