Киното се враќа во Новаци: Бесплатна проекција на Охридски лудории што ќе ве насмее до солзи!
По подолг период без филмски проекции, киното повторно се враќа во Општина Новаци. Во четврток, на 16 април, со почеток од 19:15 часот, во општинската сала ќе биде прикажана македонската комедија Охридски лудории.
Станува збор за филм кој носи хумор, динамична приказна и препознатлив локален дух, ветувајќи пријатна вечер исполнета со смеа и добро расположение за публиката.
Од Општината ги покануваат сите жители да присуствуваат на проекцијата и да уживаат во заедничко филмско доживување, кое има за цел да ја врати културната динамика во локалната заедница.
Влезот за настанот е слободен.