Ченто: Пресудата за „27 април“ е резултат на монтирана постапка

Јане Ченто, еден од осудените во случајот „27 април“, денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р., поради сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службена положба.

Според него, до Јавното обвинителство се доставени документи, изјави и вештачења кои укажуваат на можни притисоци врз сведоци и влијание врз текот на постапката. Ченто тврди дека постојат комуникации меѓу високи функционери и сведоци, како и изјава заверена кај нотар во која еден од сведоците наведува дека неговиот претходен исказ бил невистинит и даден под притисок.

– Ова е чекор заснован на сериозни сомнежи и докази. Очекуваме ЈО да постапи професионално – изјави Ченто.

Од Јавното обвинителство соопштија дека пријавата ќе биде примена и наводите ќе се проверат.

Во меѓувреме, Апелациониот суд го отфрли барањето за повторно судење на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, оценувајќи дека не постојат суштински повреди во постапката.

Ченто беше правосилно осуден во 2019 година на 13 години затвор за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ во случајот „27 април“.


1211

Задолжително

Verified by MonsterInsights