Увид на булеварскиот влез во Битола: Изведувачот ги отстранува забелешките на сопствен трошок

Општина Битола изврши увид во градежните активности на булеварскиот влез од страната на Прилеп, при што беше констатирано дека изведувачот постапува по забелешките дадени од надзорот и стручните служби.

Секретарот на општината, Борче Димитровски, заедно со претставници од општината и изведувачот, ја разгледаа состојбата на терен. Тој информираше дека првата фаза од проектот, во должина од 840 метри, е реализирана, а пред почетокот на хортикултурното уредување побарано е коригирање на вкупно 11 позиции, меѓу кои водоводна инфраструктура, велосипедски премини, жардиниери и делови од асфалтот. Дополнително, надзорот треба да изврши проверка на уште четири позиции.

Нагласено беше дека сите корекции се изведуваат на товар на изведувачот.

Од „БВ Инженеринг“ посочија дека околу 95 проценти од работите биле завршени во 2025 година, по што бил утврден список на дополнителни активности за комплетирање на проектот. Во тек се изведба на заштитна ограда, уредување на пропустите и решавање на одводнувањето на зелениот појас.

Се очекува во рок од околу три недели да бидат завршени сите преостанати активности, по што ќе следи повторен увид и финална оценка дали забелешките се целосно отстранети.


1140

Задолжително

Verified by MonsterInsights