Нова модерна опрема во Општина Новаци за поефикасно управување со отпадот

Општина Новаци продолжува со инвестиции насочени кон почиста и поуредена животна средина. Со поддршка од Министерството за животна средина, ЈП „Комунална хигиена“ – Новаци доби ново специјално возило – кипер-грајфер, наменето за собирање и транспорт на комунален отпад, како и за расчистување на диви депонии.

Градоначалникот Стевче Стевановски истакна дека оваа инвестиција претставува значаен придонес за унапредување на комуналната хигиена и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Паралелно со ова, претпријатието го спроведува проектот за селекција на пластичен отпад, а во наредниот период ќе бидат дистрибуирани канти за селекција до домаќинствата.

Претходно се реализирани и други инвестиции, меѓу кои набавка на нов камион за собирање отпад и метларка за чистење на тротоари, со што дополнително се модернизира системот за одржување на јавната хигиена.

Чистата животна средина останува заедничка цел и одговорност на сите граѓани на општината.


1208

Задолжително

Verified by MonsterInsights