Јавен повик за учество во програмата на Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ 2026“

Согласно Годишната програма за работа за 2026 година, усвоена од Управниот одбор на ЈОУ Културен и информативен центар Битола, усвоена со Одлука на Совет на општина Битола, Бр.02-279/3 усвоена на 15.12.2025 година.

ЈОУ КУЛТУРЕН И ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР БИТОЛА

ОБЈАВУВА

Јавен повик за учество во програмата на

Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ 2026“

ЈОУ Културен и информативен центар Битола, оваа година го организира Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2026“, кое по 18-ти пат ќе се одржи во Битола.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата:

  • музичка и музичко – сценска уметност
  • театар
  • ликовна уметност
  • видео, фото, филмска уметност
  • литература
  • фолклор
  • нови уметности
  • мултидисциплинарни проекти

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е во согласност со Програмата на установата.

Активностите треба да бидат реализирани во периодот на одржување на „БИТ ФЕСТ 2026“, заклучно со 31.08.2026 година.

Право на учество на јавниот повик имаат заинтересирани физички и правни лица од областа на културата, Здруженија на граѓани, владини огранизации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола).

Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/ активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.

Со цел, поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат манифестации и предлог настани кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма.

ЈОУ Културен и информативен центар Битола ул. „Широк Сокак“ бр 145 Битола bitolakic@gmail.com +389 76 370 927

Потребни документи за пријавување за правни лица:

  • Барање (Апликација)
  • Копија од Решение за регистрација
  • Копија од Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3 месеци
  • Изјава за согласност за користење на лични податоци
  • Изјава од овластено лице на апликантот дека по реализацијата на активноста до ЈОУ Културен и информативен центар Битола ќе достави наративен извештај со фотографии и финансиски извештај – докази за направените трошоци (копии од фактури, фискални сметки со сметкопотврди, налози за плаќање од банка) во текот на активноста (Проектот) заверена на нотар ( во оргинал)

Потребни документи за физички лица:

  • Барање (Апликација)
  • Изјава за согласност за користење на лични податоци
  • Изјава дека по реализацијата на активноста до ЈОУ Културен и информативен центар Битола ќе се достават наративен извештај со фотографии и финансиски извештај – докази за направените трошоци ( копии од фактури, фискални сметки со сметкопотврди, налози за плаќање од банка) во текот на активноста (Проектот) заверена на нотар (во оргинал).

Критериуми за оценување на проектите:

Претходно искуство во учество на настани од ист или сроден вид ( проект со континуитет) 10 бода

Квалитет, јасност, аргументираност и иновативност на предложените проекти: 10 бода

Професионално елаборирани проекти од домашни и странски уметници со детално наведена програма: 10 бода

Степен на влијание на проектот/настанот врз квалитетот на животот на локалната заедница со образложение за целната група кон која се ориентирани: 10 бода

Прифаќање на млади автори со ветувачки капацитети и нови визии кои навестуваат понагласен творечки потенцијал: 10 бода

Професионална екипираност, капацитети и можности за реализација на настаните: 10 бода

Максимално искористување на вложените средства на проектите, прикажување на проектите на локации кои ќе го зголемат бројот на консументите: 10 бода

Вклучување на независната културна сцена во алтернативни простории: 10 бода

Кооперативност со други општински сегменти ( производство, образование, екологија..) 10 бода

Иновативни идеи со примена на можностите на современата технологија во функција на туристичка промоција: 10 бода

За реализација на овие настани ќе биде изготвен комплетен извештај. Висината на износот со кој финансиски ќе бидат поддржани прифатените проекти, ќе биде одлука на комисијата за поединечна евалуација на поднесени барања за финансиска подршка формирана од Директорот на ЈОУ КИЦ Битола, согласно извршеното бодување и комплексноста на предлог проектот (апликацијата). Одобрените финансиски средства на апликантот чиј проект ќе биде одобрен, ќе бидат исплатени после реализацијата на настанот/ проектот и доставениот извештај, најдоцна до 31.12.2026 година.

Апликацијата за учество во програта на “БИТ ФЕСТ 2026” мора да биде пополнета на компјутер (пријави напишани на рака нема да бидат прифатени) и да биде поднесена на македонски јазик. Апликацијата е достапна на веб страницата на ЈОУ Културен и информативен центар Битола www.kicbitola.mk

Повикот трае од 11.05.2026 до 18.05.2026 до 16:00 часот.

Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во 1 примерок е до понеделник 18.05.2026 година до 16:00 часот. Овој краен рок е валиден за апликациите доставени лично до архива на ЈОУ КИЦ Битола, а за апликациите пратени преку пошта крајниот датум треба да биде со печат од пошта 18.05.2026 год. Апликациите се доставуваат на следнава адреса: ЈОУ Културен и информативен центар Битола, Ул. Широк Сокак Бр. 145, 7000 Битола, со назнака за “БИТ ФЕСТ 2026”

Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Одлуката на Комисијата за евалуација, избор на прифатени апликации и изработка на програмата на Битолско културно лето “БИТ ФЕСТ 2026” е конечна.

Апликантите коишто имаат забелешки на процесот или оценувањето, може да поднесат барање за појаснување до ЈОУ Културен и информативен центар Битола, кое мора да биде во пишана форма, во рок од 10 дена по известувањата за доделени средства, а треба да се поднесе во Архивата на ЈОУ Културен и информативен центар Битола или на електронската адреса bitolakic@gmail.com

Телефон за контакт 076 370 927


1192

Задолжително

Verified by MonsterInsights