Средношколците на крстопат: Битола им го отвори патот кон иднината!

Општина Битола и Културно-информативниот центар (КИЦ) денес организираа Отворен ден наменет за идните средношколци, со цел полесно информирање и носење одлука за нивното понатамошно образование.

Настанот се одржа на платото пред Офицерскиот дом, каде беа поставени штандови на средните училишта, како и на младински организации и здруженија кои работат со млади.

Посетителите имаа можност да се запознаат со образовните насоки, програмите и можностите што ги нудат училиштата, како и да добијат директни информации од наставници и ученици.

Во рамки на програмата беа организирани презентации, проекти и музички настапи, кои придонесоа за пријатна и мотивирачка атмосфера.

Со вакви активности, Општина Битола, КИЦ и средните училишта имаат за цел да им ја олеснат на младите одлуката за избор на средно образование и насоката на нивниот понатамошен развој.


1165

Задолжително

Verified by MonsterInsights