НАЈАВА ЗА НАСТАН: Граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола
Општина Битола организира граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“.
Настанот ќе се одржи на 3 јуни (14:00 часот) во Офицерскиот дом во Битола.
Преку форумот, граѓаните ќе имаат можност активно да ги изнесат своите мислења, предлози и согледувања, со цел заедничко придонесување кон разубавување и унапредување на изгледот и функционалноста на нашиот плоштад.