Jубилеј 80-години на Здружението на пензионери – Битола

Здружението на пензионери – Битола денес одбележа значаен јубилеј – 80 години постоење и успешно пензионерско организирање.

На свечената академија, во име на градоначалникот на Општина Битола, се обрати заменик градоначалничката Марина Крстиќ, која ја истакна важноста на соработката меѓу локалната самоуправа и здружението во насока на подобрување на условите за живот на пензионерите.

„Можностите за делување на пензионерските клубови, социјално-хуманитарните и другите општествени активности се дел од заедничката соработка меѓу Општина Битола и Здружението на пензионери – Битола“, истакна Крстиќ.

Таа се осврна и на реализираните проекти во изминатиот период, посочувајќи дека оваа година е обезбеден простор за пензионерски клуб во урбаната заедница „Коле Лачето“, со поддршка од Советот на Општина Битола.

Јубилејот беше одбележан со пригодна свеченост, во чест на долгогодишната работа и придонес на Здружението на пензионери – Битола.


1199

Задолжително

Verified by MonsterInsights